Матевски: ВМРО-ДПМНЕ ги блокира субвенциите за училишен оброк во Центар

Матевски: ВМРО-ДПМНЕ ги блокира субвенциите за училишен оброк во Центар

пред 2 часа

Советникот на СДСМ во Советот на Општина Центар, Ненад Матевски, ги обвини советниците на ВМРО-ДПМНЕ дека ја блокираат мерката за субвенционирање на училишниот оброк, обидувајќи се да соберат евтини политички поени на сметка на децата и семејствата. Тој рече дека во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се трошеле милиони евра народни пари за барок, споменици и кич, додека денес истата партија оспорува мерки директно насочени кон подобрување на стандардот на граѓаните.

„Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар повторно собираат евтини политички поени преку децата. Овојпат им пречат субвенциите за училишниот оброк.

Наместо да понудат решенија, тие глумат загриженост.

Ајде да се потсетиме како се трошеа народните пари во времето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

За споменици, лавови, фонтани и барок се трошеа милиони евра, додека потребите на граѓаните беа на последно место.

Денес, под водство на Христијан Мицкоски, гледаме сличен пристап – многу политички напади, а малку конкретни решенија.

За разлика од нив, во Центар се изградија училиштето „Киро Глигоров“ и градинката „Пролет“. Обезбедивме бесплатни униформи, ранци и училишен прибор, а субвенционирањето на училишниот оброк е уште една мерка за поддршка на семејствата.

Затоа јавно ги прашувам Христијан Мицкоски, Сергеј Попов и советниците на ВМРО-ДПМНЕ:

Што ви пречи повеќе – тоа што децата добиваат субвенциониран оброк или тоа што не можете политички да профитирате од него?

Центарци паметат! Груевски трошеше милиони за споменици, а денес ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски се расправа за субвенции за детски оброк“, рече Матевски.

Текстот Матевски: ВМРО-ДПМНЕ ги блокира субвенциите за училишен оброк во Центар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top