Мајка и ќерка загинаа од струен удар во село Арнакија

пред 2 години

Мајка и ќерка починаа од струен удар во селото Горно Арнакија.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и според изјавеното од Н.С.(27) од с.Арнакија, откако околу 14.10 часот ја пронашла нејзината сестра М.С.(24) од истото село во купатилото погодена од струен удар, се упатила по помош, но во меѓувреме нејзината мајка З.С.(57), при обид да ѝ помогне на М.С., била погодена од струен удар.

Од Итна медицинска помош е констатирана смрт кај двете лица. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по насока на Јавен обвинител телата на починатите се предадени на семејството.

Share
Scroll to Top