МВР во акција низ повеќе градови, се апсат членови на криминални групи

МВР во акција низ повеќе градови, се апсат членови на криминални групи

пред 2 години

Во последните два часа, Министерството за внатрешни работи започна координирана акција насочена кон пресметка со насилни криминални групи, која се одвива во неколку делови на Скопје и други градови низ Македонија.

Според информациите, зголемено присуство на полициски сили е забележано во скопските општини Чаир и Арачиново, каде што жителите сведочат за активни интервенции. Акцијата, според најавите, нема да се ограничи само на главниот град, туку ќе продолжи и на други локации низ државата.

Засега нема повеќе информации за оваа акција, но може да се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Текстот МВР во акција низ повеќе градови, се апсат членови на криминални групи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top