МВР: Од денеска со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, но само со задолжителна четири часовна теоретска обука

МВР: Од денеска со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, но само со задолжителна четири часовна теоретска обука

пред 7 часа

Министерството за внатрешни работи информира дека е донесен нов Правилник со кој се уредува задолжителната четиричасовна теоретска обука за управување со мотоцикл до 125 cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW).

„Напоменуваме дека не смее да се управува со мотоцикл до 125 см3 доколку не се помине теоретската обука и да се обезбеди потврда од автошкола.

Обуката трае четири часа и опфаќа клучни теми за безбедноста: заштитна опрема, контрола и стабилност на мотоциклот, превоз на сопатник и справување со ризици на патот.
По комплетирањето на часовите, автошколата издава официјална потврда (Образец во А5 формат) и го известува МВР, каде ќе се води евиденција за сите издадени потврди врз основа на податоците добиени директно од автошколите“, се истакнува во информацијата.

Текстот МВР: Од денеска со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, но само со задолжителна четири часовна теоретска обука е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top