МВР: Повторените локални избори завршија без нарушувања на јавниот ред и мир

МВР: Повторените локални избори завршија без нарушувања на јавниот ред и мир

пред 3 часа

Локалните избори кои се одржаа во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одржаа во мирна, фер и демократска атмосфера, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Не беа регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир“, стои во известувањето од МВР.

Текстот МВР: Повторените локални избори завршија без нарушувања на јавниот ред и мир е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top