МГ Фешн ги повикува сите жители на Ново Маало да склучат договори за обесштетување

пред 3 години

По отпочнувањето со изградбата на првиот објект од комплексот „Гранд Скопје“ на парцелата 1.1, инвеститорот МГ Фешн упатува јавен апел до сите останати жители од Ново Маало кои досега не склучиле договор за обесштетување, да ја контактираат директно компанијата за да го сторат тоа.

Компанијата ги повикува сите сопственици кои имаат имот на територијата на ДУП Ц08, без разлика дали нивниот имот е на ГП 1.2 и 1.3 или на 1.4, да дојдат во деловните простории на МГ Фешн на ул. „Даме Груев“ бр. 28/2 со цел да склучат соодветни договори и за нивно обесштетување.

Досега своето право за обесштетување веќе го остварија поголемиот дел од сопствениците на имоти на градежната парцела 1.1 на територија на Општина Центар, а инаку со изградбата на комплексот „Гранд Скопје“ ќе се реши проблемот на повеќе од 300 жители.

(ПР-текст)

Share
Scroll to Top