Меморијален марш за двегодишнината од трагедијата кај Ласкарци

пред 3 години

Со Меморијален марш утре ќе биде одбележана двегодишнината од автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица.

Маршот ќе почне кај наплатната рампа во Гостивар во 16 и 30 часот, а ќе заврши во 17:45 часот на градскиот плоштад, каде ќе се одржи симболична церемонија во спомен на жртвите и солидаризирање со семејствата на починатите.

Општина Гостивар ги поканува граѓаните да бидат дел од овој настан, строго придржувајќи се кон мерките за заштита од Ковид-19.

Автобуската несреќа се случи на 13 февруари 2019 година околу 17 часот. Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар. Автобусот излета од автопатот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот.

За несреќата се води судска постапка.

Share
Scroll to Top