Метеоролозите најавуваат снег и на пониските места

пред 3 години

Времето денеска ќе биде претежно облачно, претпладне на југоистокот со сончеви периоди, а од пладневните часови од запад ќе се прошират врнежи од снег кои на пониските места особено долж Повардарието ќе започнуваат како дожд и ќе преминува во снег, јави УХМР.

На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Преку ноќта врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен северозападен ветер кој долж Повардарието ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и во попладневните часови ќе има појава на слаб дожд кој понекаде ќе преминува во снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

Share
Scroll to Top