Мециновиќ: Партијата Левица обезбеди конкретни придобивки за скопските средношколци –  следуваат нови проекти

Мециновиќ: Партијата Левица обезбеди конкретни придобивки за скопските средношколци – следуваат нови проекти

пред 3 дена

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, преку објава на социјалните мрежи се осврна на досегашните иницијативи на советничката група на партијата во Советот на Град Скопје, со посебен акцент на мерките кои се однесуваат на средношколците.

Како што посочи Мециновиќ, благодарение на Левица денес средношколците од социјално ранливи категории имаат бесплатни екскурзии, во училиштата се воведени сензорни соби за деца со попреченост, а надоместокот за образовните асистенти е зголемен од 9.000 на 18.000 денари. Дополнително, организирани се и едукации за самозаштита при пожари.

Од друга страна, тој нагласи дека дел од иницијативите не биле поддржани од мнозинството во Советот, предводено од ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу нив се наоѓаат вработување на училишни чувари наместо користење на приватни обезбедителни фирми, бесплатни часови по странски јазици, спорт и информатика, забрана за отворање угостителски објекти во училишни дворови, како и транспарентна супервизија на тендерите за ученички екскурзии.

„Ова е насоката во која ќе се движиме и понатаму, а во кампањата ќе претставиме и поголеми замисли за училиштата под градската управа. Скопје, младост – ти ќе бидеш!“, порача Мециновиќ.

Текстот Мециновиќ: Партијата Левица обезбеди конкретни придобивки за скопските средношколци – следуваат нови проекти е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top