Меѓународно признание за младите математичари од Ѓорче Петров

Меѓународно признание за младите математичари од Ѓорче Петров

пред 10 месеци

Учениците од Општина Ѓорче Петров постигнаа извонреден успех на меѓународниот натпревар „Математика без граници“, кој по 12-ти пат се одржа во Несебар, Бугарија. На натпреварот на кој имаше 1200 учесници од 13 држави,  учениците од Ѓорче се вратија со три сребрени и една бронзена медала – резултат што претставува особена гордост за Општина Ѓорче Петров и целата македонска јавност.

Македонскиот тим, предводен од наставничката Анкица Спасова – професорка по математика од Ѓорче Петров, го сочинуваа учениците Јана Спасова од ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје и Анамарија Дафчева, Михаил Лалевски и Андреа Кулевска од ООУ „Тихомир Милошевски“ – Скопје.

Во рамки на денешната посета на кабинетот на градоначалникот, учениците и наставничката разговараа за тоа како Општината би можела и во иднина да придонесе кон дополнително подобрување на условите за учество на меѓународни натпревари од ваков тип.

По повод успехот, градоначалникот Александар Стојкоски истакна: „Чувствувам особена гордост и благодарност што во Ѓорче Петров имаме вакви ученици и наставници. Ова е уште една потврда дека вложувањето во образованието дава резултати. Ќе продолжиме посветено да ги поддржуваме младите таленти и нивните ментори, бидејќи тие се темелот на едно здраво и просперитетно општество.“

Текстот Меѓународно признание за младите математичари од Ѓорче Петров е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top