Меџити: Европската интеграција останува апсолутен приоритет на коалицијата

Меџити: Европската интеграција останува апсолутен приоритет на коалицијата

пред 1 година

Првиот вицепремиер на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, учествуваше на конференцијата на амбасадори во Тирана, организирана од Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија, на која беа присутни албанските политичари од земјите на регионот.

За време на панелот на тема „Албанскиот простор во геополитиката на регионот“, првиот вицепремиер Меџити ги сподели своите видувања за последните случувања на политичката сцена на Северна Македонија, при што ја истакна важноста на долгоочекуваната промена што ја донесе создавањето на Владата без ДУИ, „партија што 22 години ја монополизира албанската политика, а македонските партии постојано се менуваа, нагласувајќи дека ДУИ ја задуши политичката сцена и го попречувала секој обид за позитивни промени за Албанците“.

Меџити рече дека европската интеграција останува апсолутен приоритет на коалицијата и ја изрази својата посветеност и подготвеност да гласа за уставните измени во секој момент.

Првиот вицепремиер му честита на министерот Игли Хасани за создавањето посебен оддел во Министерството за надворешни работи на Албанија, посветен на Албанците од регионот и дијаспората, додавајќи дека продлабочувањето на меѓуалбанската соработка е неопходност што треба да продолжи непрекинато.

Меџити ја истакна потребата од создавање заедничка платформа за соработка во разни области, од образование до економија, опишувајќи го тоа како дефинирачки елемент за нашата заедничка европска иднина.

Меџити денеска и утре ќе се сретне со шефовите на албанската држава.

Текстот Меџити: Европската интеграција останува апсолутен приоритет на коалицијата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top