Меџити: Заврши асфалтирањето на улицата „Фан С. Ноли“

Меџити: Заврши асфалтирањето на улицата „Фан С. Ноли“

пред 6 часа

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека е завршено асфалтирањето на улицата „Фан С. Ноли“, инвестиција која, според надлежните, ја подобрува патната инфраструктура и ја зголемува безбедноста во сообраќајот за жителите.

„Секоја завршена улица е чекор кон пофункционален и побезбеден Чаир за граѓаните. Со вакви инвестиции продолжуваме да го подобруваме квалитетот на животот во секое маало“, истакна Меџити.

„Општина Чаир останува посветена на реализација на инфраструктурни проекти кои секојдневно го подобруваат животот на граѓаните“.

Текстот Меџити: Заврши асфалтирањето на улицата „Фан С. Ноли“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top