Мигранти од Пакистан и Авганистан пронајдени на повеќе места во Гевгелија

пред 2 години

Единаесет мигранти биле пронајдени синоќа на повеќе места во Гевгелија.

Полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица синоќа во 20.45 часот, на автобуска станица во Гевгелија, откриле пет лица мигранти од Пакистан.

Во 22.20 часот, во реонот на место викано Сепарација, полициските службеници откриле две лица мигранти од Авганистан, а во 05.20 часот, во реонот на место викано Милци во Гевгелија, уште четири лица мигранти од Пакистан.

Сите 11 лица се пренесени во Транзитниот центар Винојуг за понатамошна постапка.

Share
Scroll to Top