Мигранти од Пакистан пронајдени во Ваксинце, едниот од нив имал пиштол

пред 4 години

Во попладневните часови на 3 февруари, по претходно добиени сознанија, полицијата извршила претрес во кумановското село Ваксинце при што биле пронајдени и приведени шесмина мигранти од Пакистан.

Како што информираат од МВР, при извршената контрола кај еден од Пакистанците со иницијали М.Р.(33) бил пронајден пиштол со неколку куршуми.

Сите мигранти се приведени за понатамошна постапка.

Share
Scroll to Top