Милевски: Добиваме двајца советници во Македонски Брод, тие ја препознаваат ЛДП како трета опција

пред 2 години

Независните советници од Македонски Брод, Даниел Максимоски и Бране Јованоски одлучија да се приклучат на ЛДП. Започнувајќи од 1 јануари тие веќе делуваат во Советот на Општина Македонски Брод како советници на ЛДП.

„ Вратите на ЛДП остануваат отворени и за други заинтересирани граѓански активисти кои изразуваат спремност да се приклучат кон ЛДП, а бројот на советници на ЛДП следниот период ќе се зголемува“, рече претседателот на ЛДП Горан Милевски.

Тој ја поздрави одлуката на советниците и изјави дека го радува фактот што се повеќе независни советници кои гравитираат на центарот ја препознаваат ЛДП како автентична трета опција која им припаѓа на граѓанскиот центар.

Максимоски на локалните избори освои 9,94% од гласовите, а Јованоски 8,81%.

Share
Scroll to Top