Милионски загуби, долгови и блокирани сметки –  финансиски биланси на локалните јавни претпријатија

Милионски загуби, долгови и блокирани сметки – финансиски биланси на локалните јавни претпријатија

пред 3 часа

Денеска, Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за финансиските резултати на локалните јавни претпријатија во земјава.

Истражувањето открива дека:

· Загуба оствариле повеќе од половина од локалните јавни претпријатија во земјава, односно 71 од 128-те претпријатија.

· Вкупниот износ на загубите изнесува 17 милиони евра.

· На првите три места според загубите се скопски, а на третото и четвртото место се битолски јавни претпријатија.

· Во последните години растат и загубите и бројот на претпријатија со загуби.

· Само првите 10 претпријатија со најголеми загуби, прикажале 77 % од вкупните загуби.

· Вкупните долгови на локалните јавни претпријатија, мерени преку нивните краткорочни обврски, изнесуваат 193 милиони евра.

· Долговите на 10-те најзадолжени претпријатија се 40 % од вкупните долгови на сите претпријатија.

· На дури третина од локалните јавни претпријатија им е блокирана банкарската сметка.

· Во локалните јавни претпријатија работат повеќе од 12.000 луѓе, иако бројот на вработени во последните неколку години благо се намалува.

Текстот Милионски загуби, долгови и блокирани сметки – финансиски биланси на локалните јавни претпријатија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top