Милошоски: Власта уплатила речиси 8 милиони долари на фантом фирмата од Хонг Конг за двојно поскапи вакцини

пред 3 години

Иако негираа, сепак министерството за здравство уплатиле речиси 8 милиони долари на фантом фирма од Хонгконг која вакцините на Македонија требало да ѝ ги продаде под двојна цена од набавната, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Милошоски вели дека како резултат на трчањето по провизии од страна на министерот и лошиот менаџмент, Македонија за жал се наоѓа на високото трето или четврто место по бројот на смртност по глава на жител на милион жители во Европа.

„ За жал тоа е резултат на слабиот менаџмент на министерството за здравство и она што пред неколку дека го добивме како информација сер потврдува дека додека другите соседни земји трчаа по вакцини, министерот за здравство и премиерот трчаа по провизии и документот кој го поседува ВМРО-ДПМНЕ дека министерството за здравство иако негираше сепак уплатиле речиси 8 милиони долари на фантом фирмата во Хонк Конг која што требало вакцините да ги продаде на Македонија за двојно повисока цена од цената за која ќе ги набави“, потенцира Милошоски.

Тој додаде дека ако не трчале по провизии и вакцинацијата почнела уште во месец јануари, наместо 5 месеци подоцна, барем 500 животи на наши сограѓани ќе беа спасени со подобра здравствена организација.

Share
Scroll to Top