Милошоски до Османи: Нема потреба од два збора, ниту правдање со загради, доволна е оставка!

пред 2 години

„Нема потреба ниту од два збора, ниту има потреба од правдање со загради. Еден збор е доволен. Оставка“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Ова е пораката од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски до актулениот шеф на дипломатијата, Бујар Османи.

Османи утринава на ФБ напиша дека „два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на Европската Унија во регионот. Зборот „протокол“ во рамката, како парадигма на историските прашања, и зборот „отворање“ во параграф шест од заклучоците на советот. И двата збора не се во францускиот предлог како финални решенија туку се ставени (дел од нив и во заграда) како прашања за кои не може да се постигне согласност поради позицијата на Република Бугарија“.

Следува реакцијата на Милошоски:

„Премиерот Ковачевски и министерот Османи се двајцата актери на кои им се случи најголемиот дипломатски дебакл, после оној со Лисабонската декларација. Македонија ?? доби непринципиелен и понижувачки предлог за преговарачка рамка, преполн со наметнати билатерални прашања и со поглед во минатото. Факт е дека во обликувањето на овој документ активно учествувале и Ковачевски и Османи, иако тоа го криеа од јавноста. Затоа нема потреба ниту од два збора, ниту има потреба од правдање со загради. Еден збор е доволен. Оставка“ – пишува Милошоски.

Share
Scroll to Top