Милошоски на Регионална конференција за спречување корупција

Милошоски на Регионална конференција за спречување корупција

пред 2 часа

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, се обрати на отворањето на Регионалната конференција за спречување на корупцијата и проценка на корупциските ризици во Западен Балкан, која се одржува во Скопје.

Конференцијата ги обединува претставниците на надлежните институции од регионот и меѓународните партнери во разговор за унапредување на интегритетот и заштита на јавниот интерес.

Во обраќањето Милошоски истакна дека спречувањето на корупцијата бара ризиците да се препознаваат навреме, а наодите на надлежните институции да водат до конкретни мерки. Особено ја нагласи важноста на транспарентното трошење на јавните средства, следењето на ревизорските препораки и препознавањето на ризиците во јавните набавки.

Осврнувајќи се на улогата на Собранието, потпретседателот посочи дека соработката со Државниот завод за ревизија е важна за парламентарниот надзор. Тој потсети дека двете институции во 2022 година склучиле Меморандум за соработка, кој предвидува размена на информации и разгледување на ревизорските наоди во Собранието.

Милошоски се осврна и на Предлог-законот за државната ревизија, кој е во собраниска постапка. Со предложените решенија се предвидува засилување на соработката со Собранието, поголема транспарентност на конечните ревизорски извештаи и подобро следење на спроведувањето на ревизорските препораки.

На крајот, Милошоски порача дека размената на искуства меѓу земјите од Западен Балкан треба да придонесе за поуспешно препознавање на корупциските ризици и за доследна примена на препораките во интерес на граѓаните.

Текстот Милошоски на Регионална конференција за спречување корупција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top