Во најкус можен рок треба да се закаже јавна седница на Комисијата за деловнички прашања, на која на пратеникот Талат Џафери ќе му се изрече јавна опомена.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Ова на социјалните мрежи го напиша претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во однос на снимката на која, според опозициската партија, се слуша како претседателот на Собранието упатува пцости до собраниски службеници.
„Тешка повреда сторил “пратеникот кој што врши притисок на државните службеници и на другите вработени во Службата на Собранието во извршувањето на нивните работни задачи”. Ова е запишано во член 14 од Кодексот за етичко однесување на пратениците кој е усвоен во 2018, а како прв предлагач потпишан е пратеникот Талат Џафери“, посочува Милошоски.
Според него, пцостите на Џафери се досега најтешката повреда на Етичкиот кодекс, која мора да биде санкционирана.
„Надлежност за утврдување на вакви тешки повреди направени од претседателот на Собранието има Комисијата за деловнички прашања (член 15), со која претседава пратеникот Панчо Минов, кој во најкус можен рок треба да закаже јавна седница, да го покани и пратеникот Талат Џафери и да му изрече јавна опомена. Ова би бил еден чекор кон очекуваната оставка после срамот во Собранието“, нагласува претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.






