Милошоски: Царовска да ги послуша родителите, квалитетно образование мора да има

пред 4 години

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешната посета во општина Свети Николе во однос на дигитализацијата на учебниците истакна дека аргументите на родителите се посилни од аргументите на министерката Царовска и затоа препораката до министерката Царовска е да ги послуша родителите кои што имаат целосно право да се грижат за квалитетно образование за нивните деца. Според него, образованието мора да се грижи да има реална физичка настава за учениците што поскоро.

„ Од она што го гледаме во јавноста нашето мислење е дека аргументите на родителите се посилни од аргументите на министерката Царовска и затоа нашата препорака е министерката Царовска да ги послуша родителите кои што имаат целосно право да се грижат за квалитетно образование за нивните деца и овој закон треба да има јавна расправа и да се слушне стручната јавност родителите и наставниците а не да биде политички проект на министерката Царовска затоа што постојат шпекулации дека ова го прави од лукративни причини веројатно поврзани со некоја фирма која што е Хрватска фирма и со која што можеби имаат некакви однапред утврдени планови за некои материјални интереси поврзани со процесот на дигитализација но нашето мислење е дека книгата треба да остане конвенционалниот метод кој што ќе доминира во образованието на учениците и дека образованието мора да се грижи да има реална физичка настава за учениците што поскоро“, истакна Милошоски.

Share
Scroll to Top