Милошоски: 29 фирми блиски до Заеви профитирале со речиси 13 милиони евра од неплаќање кредити кон Еуростандард

пред 3 години

На денешната расправа на седницата на Собранието се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија”, Антонио Милошоски кој на гувернерката Бежовска и` посочи дека 29 фирми кои се блиски до семејството Заеви, меѓу која и фирмата “Сара инженеринг” која е фирма на Вице Заев, “Глобал Медиа Груп”, како и “Тритерол”, бизнис партнери на Зоран Заев како поранешен градоначалник, со месеци наназад не ги плаќале кредитите во Еуростандард банка.

„ Овие 29 фирми блиски до Заеви, меѓу кои и фирмите кои се во нивен посед, оствариле добивка од Еуростандард банка 12.800.000 евра поради неплаќањето на кредитите, на штета на штедачите кои имале средства во Еуростандард банка“ рече Милошоски.

Тој и посочи на Бежовска дека таа требала да ги знае овие информации од ревизиите, особено од 22-ри мај, кога е воведен дневен надзор над банката.

Милошоски уште еднаш ја запраша гувернерката, зошто дозволила овие 29 фирми блиски до Заеви да не ги плаќаат кредитите и да остваруваат добивка на грбот на штедачите, и исто така дали за овие работи била информирана, а не реагирала?!

Share
Scroll to Top