Минатата недела санкционирани 𝟣𝟤𝟪 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

Минатата недела санкционирани 𝟣𝟤𝟪 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

пред 10 месеци

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 14.07.2025 до 20.07.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 128 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.

„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, соопшти ПОЦ.

Текстот Минатата недела санкционирани 𝟣𝟤𝟪 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top