Минималната плата денеска пред законодавно-правната комисија во Собранието

пред 2 години

Во Собранието денеска седница треба да одржи Законодавно-правната комисија, која ќе расправа за предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, по скратена постапка.

Со предлог-законот минималната плата ќе се зголеми од 15 200 на 18 000 денари, а ќе почне да важи со мартовската плата.

„Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, сума која е воедно и двојно покачување од минималната плата од онаа во 2016 година, стануваме предводници во Европа со висината на уделот на минималната во просечната плата. Очекуваме оваа мерка да влијае позитивно и на останатите плати во сите други индустрии, со што ќе се подобри стандардот на сите граѓани“, нагласи Ковачевски пред десетина дена кога беше изгласана потребата за носење на законот.

Откако ќе помине и на Законодавно-правната комисија, предлог-законот треба да се врати на пленарна седница за конечно усвојување.

Share
Scroll to Top