Министерот Бочварски најави силен инфраструктурен развој на општините

пред 3 години

Со 20 милиони денари реконструираме две улици во Неготино преку проектот за „Поврзување со локалните улици во општините”, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Неготино.

„Капиталните проекти во општините се од огромно значење за урбаниот развој и локaлната еконoмија и затоа Владата ќе продолжи да ги поддржува локaлните самоуправи преку разни владини програми“, истакна министерoт Бочварски.

Тој заедно со грaдоначaникот Тони Делков, извршија увид во изградбата на социјaлната згрaда како и реконструкција на две улици во општината.

„Со градоначалникот го потпишавме договорот за реконструкција на улицата Антигона во должина од 1900 метри и улицата Едвард Кардељ во должина од 560 метри. Ове е дел од проектот за Санација и изградба на локалните улици и патишта што го реализираме преку Министерството за транспорт и врски. Вкупната вредност за реконструкција на овие улици изнесува 20 милиони денари и очекуваме дека за десетина месеци комплетно да бидат реконструирани. Исто така со градоначалникот извршивме увид во изградба на социјалната зграда. Очекуваме овие 62 станови комплетно да бидат завршени за отприлика за два месеци, а потоа министертвото да распише јавен оглас за распределба”, изјави министерот Благој Бочварски.

Министерот додаде дека преку ЈП за државни патишта се работи и на двата моста на патниот правец Лакавица – Неготино, а во летниот период започнува и реконструкција на патниот правец Неготино -Глишиќ.

За градоначалникот инвестицииите во општината ќе го подигнат развојот на локалната самоуправа и економијата како и подбрувањето на животот на гарѓаните.

„Со завршување на овие две улици, преку буџетот на општината ќе реконструираме и неколку другу улици во градот и наслените места. Исто така со заем од Светска банка обезбедивме средства од 19, 8 милиони денари за санација на 9 улици во градот. Преку Владата дополнително ќе реконструираме една улица во село Тимјаник како и изградба на водоводна мрежа во село Требник. Имаме план и за изгардба на јужна и северна обиколница Неготинио”, изјави градоналачникот на општина Неготино, Тони Делков.

Share
Scroll to Top