Комисијата за заразни болести во периодот што следи ќе направи симулација за можна појава на петти бран на Ковид-19, најави денес министерот за здравство, Беким Сали. Освен симулацијата Комисијата ќе се фокусира и на лекување пациенти со постковид компликации.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Со опуштањето на мерките најавив дека постковид периодот е значаен за сите граѓани и за здравствениот систем воопшто. Комисијата ќе продолжи со работа, не со истото темпо, но со планирање како да се справиме со постковид. Дали ќе биде еден објект во кој ќе се третираат сите посковид компликации или повеќе клиники за пациентите. Секако една од целите ни е симулација на можна појава на петти бран од ковид-инфекцијата“, рече министерот Сали.
Деведесет и девет отсто од мерките за заштита од Ковид-19 се укинати, но министерот Сали повика на внимателно однесување.
„Состојбата е стабилна, линеарна. Засега е мирно, а нема аларм и за во иднина. Како одговорни граѓани мора да внимаваме на местата каде се движиме, ако имаме симптоми навреме да се јавиме, ако сме позитивни да се изолираме“, предупреди министерот Сали.
Стабилниот период во однос на Ковид-19 здравствените власти ќе го искористат за лекување на пациентите со постковид симптоми, но сè уште одлучуваат дали тоа ќе се прави на едно место на коешто ќе има специјалисти од сите области или за тоа ќе бидат задолжени делови од повеќе клиники.