Министерот Минчев на средба со Народниот правобранител Фатон Сељами

Министерот Минчев на средба со Народниот правобранител Фатон Сељами

пред 2 часа

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со Народниот правобранител на Република Македонија, Фатон Сељами. На средбата беа разменети мислења за актуелните процеси и предизвици во областа на јавната администрација, со посебен акцент на унапредувањето на квалитетот на јавните услуги и заштитата на правата на граѓаните.

Министерот Минчев истакна дека институционалната соработка и отворениот дијалог меѓу институциите се од особено значење за создавање поефикасна, одговорна и професионална јавна администрација, ориентирана кон потребите на граѓаните.

На средбата беше потврдена подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката меѓу Министерството за јавна администрација и Народниот правобранител, во насока на унапредување на административните процеси, јакнење на институционалниот интегритет и градење администрација која обезбедува поквалитетни услуги за сите граѓани.

Текстот Министерот Минчев на средба со Народниот правобранител Фатон Сељами е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top