Министерот најави вакцинација со трета доза за одредени категории граѓани

пред 3 години

Министерството за здравство го добило дописот од Комитетот за имунизација кој препорачува трета доза од вакцините против корона, да примат лица кои се имуно дефицитарни.

Министерот Венко Филипче најави дека вакцинацијата со трета доза ќе стартува од неделава. Посочи дека вакцините се безбедни и од нив во Македонија, како и дека од милион дадени дози, нема никаква посериозна компликација.

„Препорака од Комитетот за имунизација е да се препорача трета доза вакцина за луѓе кои се имуно компромитирани. Според препораката на здравствените институции во САД. За тоа ќе бидат пациенти кои се на хронична дијализа и некои други пациенти кои се имуно дефицитарни. Денеска дојде препораката, ќе се официјализира и веќе во текот на неделата ќе стартува“, рече Филипче.

За сите граѓани кои се враќаат од Авганистан, ќе се бара да бидат во 14-дневна изолација.

„Задолжителен 14 дневен карантин. Утре ќе се дискутира за ова. И да се препорача вакцинација за сите кои по тој систем ќе влезат во нашата земја. Мал број на луѓе се, но тоа се препораките“, додаде Филипче.

Share
Scroll to Top