Министерството за правда ја поништи листата со групни помилувања

пред 2 години

Листата со предложени затворени за помилување е поништена, соопшти Министерството за правда.

Како што наведуваат од министерството, одлуката оваа година да не проследат предлог за новогодишни групни помилувања е донесена по консултација со Управата за извршување на санкциите.

„ Ова се прави со цел да се даде време најнапред да се допрецизираат критериумите и законски да се зајакнат филтрите во однос на тоа како се составуваат листите со предлози на лица кои треба да бидат помилувани“ велат од министерството.

Оттаму наведуваат дека во Министерството за правда постои работна група која работи на составување на нов предлог-закон за помилување, со кој ќе се зацврснат критериумите и ќе се дефинираат нови построги услови за тој кој може да биде помилуван.

„ Со тоа сметаме дека ќе минимизираат шансите на овие листи во иднина да се најдат лица кои во јавноста предизвикуваат сомнеж за нормалното функционирање на правниот систем“ додаваат од Министерството за правда.

Share
Scroll to Top