„Министер, еве функционира, си платив и јас“ – Тошковски тврди дека и функционери, директори и верски лица плаќаат казни со „Безбеден град“

„Министер, еве функционира, си платив и јас“ – Тошковски тврди дека и функционери, директори и верски лица плаќаат казни со „Безбеден град“

пред 34 минути

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека и функционери, директори и црковни лица добиваат и плаќаат казни за сообраќајни прекршоци регистрирани преку системот „Безбеден град“, нагласувајќи дека во последната година и половина никој не побарал од него да интервенира за поништување или избегнување казна.

„Скоро и да нема функционер од кое било ниво да не ми рекол: ‘Министер, еве функционира, си платив и јас, ми стигна казната’. Ургенции немало последнава година и половина“, изјави Тошковски.

Тој посочи дека додека бил министер во техничката влада имало обиди за ургирање во врска со сообраќајни прекршоци, но дека таквата практика престанала по неговата реакција.

„Претходно да, во рамки на техничка влада имав одредени ургенции за одредени прекршоци. После мојата бурна реакција, последнава година и половина не се случило некој да побара од мене што било поврзано со ургирање во врска со конкретен сообраќаен прекршок“, рече Тошковски.

Текстот „Министер, еве функционира, си платив и јас“ – Тошковски тврди дека и функционери, директори и верски лица плаќаат казни со „Безбеден град“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top