Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег

Минусни температури утрово низ цела држава, најстудено во Берово

пред 2 месеци

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -11 степени, -8 било во Крива Паланка и Маврови Анови, -7 во Попова Шапка и Битола, -6 во Крушево, Скопје-Петровец, Штип, Велес и Прилеп, -4 во Кавадарци, Виница и Скопје-Зајчев Рид, -3 во Охрид и Претор, -2 во Гевгелија и Струмица.

Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 31 сантиметар на Попова Шапка и 13 во Маврови Анови.

Времето денеска

Студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Текстот Минусни температури утрово низ цела држава, најстудено во Берово е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top