Мисајловски – Ле Риголер: разговарано за одбранбената билатерална соработка

Мисајловски – Ле Риголер: разговарано за одбранбената билатерална соработка

пред 4 месеци

Добредојде и успешна дипломатска мисија му посака министерот за одбрана, Владо Мисајловски на новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Кристов Ле Риголер на денешната средба во Министерството за одбрана.

На средбата на која присуствуваше и одбранбеното аташе, полковник Валери Санс, се разговараше за одбранбена билатерална соработка со Франција, која е активна повеќе од 28 години во областа на воено образование и јазичната обука.

Мисајловски изрази благодарност за силната поддршка од Француската Република во остварување на нашите стратешки цели, членството во НАТО и на патот кон целосна интеграција во ЕУ.

Текстот Мисајловски – Ле Риголер: разговарано за одбранбената билатерална соработка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top