Мисајловски: Сите заедно да се сплотиме против Заев и да победи Македонија

пред 3 години

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот протест со мотото „Оставка на Заев, слобода на народот,“ посочи  дека од Министерството за надворешни работи се скриени и немаат одговор за главните прашања за Mакедонецот, немаат договор за македонскиот идентитет, за македонската историја.

„Ова не е партиски протест, ова е македонски протест, затоа сакаме да ги повикаме сите граѓани, независно од која партија се, да дојдат и да ни се приклучат. Оваа борба, оваа битка, не е суво политиканство, оваа борба се вика Македонија. МНР треба да ги штити македонските национални интереси, каде што едно време јас работев, а сега гледаме дека неколку дена се скриени и немаат одговор за главните прашања за Македонецот, немаат договор за македонскиот идентитет, за македонската историја, токму така како што кажавте – изгледа ‘рбетот го свиктаа. Дали гледате дека некоја бугарска телевизија и медиум треба да дојде за сите да сфатиме што преговара Зоран Заев и зошто македонските медиуми не може да дознаат. Гледаме дека целата Влада е скриена и не коментираат за овие прашања зашто сè му е оставено на Зоран Заев да распродава“, истакна Мисајловски.

Тој во своето обраќање укажа дека сите заедно треба да се сплотат против непријателот Заев за Македонија да победи“.

„Сакам да ве замолам сите со еден, голем аплауз во градовите каде што се протестира и луѓето се на улиците, секоја чест има луѓе што си ја сакааат Македонија, не им е важна ниту политичка кариера ниту им е важно што било друго, освен македонската правдина, а за таа македонска правдина треба сите заедно да се избориме и да ја добиеме. Затоа, оваа парола, која гласи: ‘Оставка за Заев, слобода на народот’, за слобода на народот ние треба сите заеднички да се сплотиме против овој непријател што секој ден излегува и лаже на телевизиите и им се додворува на странските држави“, додаде тој.

Share
Scroll to Top