По историскиот одѕив од 28.000 потписи за Силјановска, остануваме посветени на промените за подобра иднина, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
„Историски најголем одѕив досега, собрани се над 28.000 потписи за помалку од 12 часа. Ова е најголемиот доказ и најточен индикатор за тоа колкава се желбата и надежта на граѓаните за промени за подобра иднина. Но, ова за ВМРО-ДПМНЕ, пред сè, е голема одговорност пред секој граѓанин. Имаме обврска пред секого од вас да ја оправдаме во целост вашата поддршка“, рече Митева.
Како што додаде, на Македонија ѝ се потребни темелни реформи, а ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе ја оправда дадената поддршка од граѓаните.
Текстот Митева: По историскиот одѕив од 28.000 потписи за Силјановска, остануваме посветени на промените за подобра иднина е превземен од МАКФАКС.





