Митева: СДСМ им го отежна животот на десетици илјади семејства

пред 2 години

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева на прес-конференција рече дека пратениците на СДСМ гласаа против предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари. СДСМ им го отежна животот на десетици илјади семејства.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Линеарното зголемување на платите кое СДСМ го отфрли, беше всушност и законска обврска на власта за спроведување, која не ја почитуваат, а произлегува од Законот за зголемување на минималната плата, кое само по себе бара линеарно усогласување на сите плати. Ова се истите пратеници кои изгласаа буџет од скоро 4.5 милијарди евра, а во изминативе 5 години изгласаа буџети од вкупно 20 милијарди евра. Ова се пратениците кои изгласаа буџет од кој се одвоија средства за набавка на златен прибор за јадење за потребите на Ковачевски од околу 40.000 евра. Ова се пратениците кои изгласаа буџет од кој се одвоија средства за грантот на Заев, кој е во висина од 1.4 милиони евра“ рече Митева.

Таа подвлече дека „овие 64 пратеници предводени од СДСМ се пратениците кои ќе останат запаметени како пратениците кои го овозможија луксузот на власта и одобруваа пари за тендерите на Заев и Ковачевски, а не сакаа да одобрат пари за работниците во јавниот сектор, од кои многумина со таа една плата издржуваат цело семејство“.

Share
Scroll to Top