Мицкоски: Ако Реџепи верува во иднината за која зборува требаше да се појави на седницата

пред 3 години

Доколку пратеникот Кастриот Реџепи веруваше во иднината која ја споменува, можеше да дојде и да гласа по своја волја. Но, сите знаат дека причината е сосема друга и поинаква, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Реџепи беше меѓу главните критичари на владата предводена од СДСМ и ДУИ, се потпиша како 61 на оној список кој требаше да биде список за гласање недоверба на Владата, но јавноста е сведок што се случуваше“, посочи Мицкоски кој додаде дека Реџепи бил спречен да дојде и да гласа.

Share
Scroll to Top