Мицкоски бара лидерска средба за излез од кризата: Македонија ја има сѐ помалку, а народот гладува

пред 2 години

Oваа влада нема легитимитет, ниту пак има нови 100 дена, затоа што таа најавтентично ги продолжи сите неуспеси и сите погрешни политики на владата која речиси 5 години ја уништува Македонија ги продолжи. Процес во кој Македонија ја има се помалку, а животот е се потежок, во економијата, земјоделието, образованието, здравството, енергетиката, надворешната политика, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Никогаш повеќе немало ѕидови на поделби, на наши и ваши, на припадници на една заедница, наспроти припадници на друга заедница како во овие 100 дена. Повторно се разговара за проценти, се пребројуваме, се збори за бадинтер, за балансер. Имаме борба на тоа чив триумф на суети е поголем во време кога Македонија и народот на Македонија за жал ги има се помалку. Овие 100 дена имаме целосно разградување и разграбување на тоа што преостана. И не велам дека причините се создадоа само во овие 100 дена, туку тлееа, се натрупуваа нерешените проблеми цели 5 години“, вели Мицкоски.

Ако Заев ја доведе Македонија до дното, Ковачевски покажува дека дното можело да биде и подлабоко.

„Овие 100 дена се показател дека народот живее крпен живот. 100 дена на растечка сиромаштија и галопирачка инфлација. 100 дена на покачени сметки и на давачки. На раскчмување на идентитетот и трговија зад затворени и отворени врати. 100 дена живот во национална катастрофа. Неприфатливо е дозволувањето на оваа влада, да се мешаат соседните држави во нашите внатрешни работи, па сега откако ќе ги исполниме критериумите за ЕУ, да мора да ги исполниме и критериумите на Петков, кои се за негова домашна употреба“, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Оценува дека зад овие интереси не стои нашата држава и нејзините институции.

„И ако условот е да се исполнат сите бугарски барања кои ќе значат исполнување на нивната бугарска декларација, на наша штета, тоа е нешто со кое ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се согласи ниту пак да се помири. И ако има отворање на Уставот чин со кој е предвидено дел од бугарскиот народ да биде вклучен во преамбулата на истиот ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи без претходни писмени гаранции за нашата историја, за нашиот македонски јазик, без вештачки фусноти, за нашата посебност и културна различност“, нагласи тој.

Според Мицкоски има многумина кои прашуваат што правиви опозицијата?

„ВМРО-ДПМНЕ овие 5 години е на самиот браник на државата, со сите бури, ветришта и удари со кои се соочивме. Не е нормално премиерот да нема комуникација со лидерот на најголемата политичка партија. Затоа денес јавно и отворено предлагам до Ковачевски заедничка и јавна средба на која ќе разговараме и ќе договориме, датум за одржување на предвремени парламентарни избори како природно решение за состојбите во Македонија. На тој состанок имам намера да предложам 4 тима, составени од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе бидат составени од луѓе со искуство и луѓе кои се покажале и докажале во минатото во 4 акутни области во кои се детектирани клучните проблеми во нашата земја. Четири тима кои ќе работат заедно со тимови од власта во меѓу периодот од сега до денот на одржување на предвремените парламентарни избори. Про боно без никакви права и привилегии. Тука сме да и помогнеме кога на Македонија и е најтешко“, потенцира Мицкоски.

Го советува актуелниот премиер да не брза. „Нека размисли, знам што ќе го советуваат веднаш треба да одбие, нека не одбива и нека размисли, нека преспие, нека се советува со повеќе луѓе и очекувам одговор во следниве десет дена, нека биде краен рок десетти мај, вторник. На таа средба да разговараме и за актуелните прашања поврзани со изборите, но и за она останато кое што е важно и кое што граѓаните го очекуваат од нас. Доколку ја одбие и оваа порака, за средба за излез од националната катастрофа која живее Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе заседава и потоа следат сериозни и досега непрактикувани чекори. Доколку биде одбиена средбата ќе се покаже дека државата има отсуство на било какво лидерство, а народот ќе мора да дојде по своето. Затоа што сето ова како што имаше почеток има и свој крај. И порака до меѓународните пријатели алармот одамна веќе свети на црвено“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Share
Scroll to Top