„Мицкоски вели дека ќе ја спаси Алта банка, зошто да ја спасува ако сè е во ред“, прашува СДСМ

„Мицкоски вели дека ќе ја спаси Алта банка, зошто да ја спасува ако сè е во ред“, прашува СДСМ

пред 44 минути

„Мицкоски вели ќе ја спаси Алта банка. Зошто да ја спасува ако сè е во ред? Трајко Славески изјави дека сè е во ред. Веќе следниот ден воведе принудна управа. Во Србија Народната банка изјави дека сè е во ред, па истата вечер ја одзеде дозволата. Банката отиде во стечај. Алта лизинг е без дозвола за работа Мацура е во притвор. Ете толку е ‘во ред’“, велат од СДСМ.

„Ако банката е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува? Зошто се брза со продажба па дури и под пазарната вредност? Зошто се кријат сметките и трансакциите?

Затоа што не е во ред. Затоа што е пералница за пари на Вучиќ. Затоа што парите на граѓаните и јавните претпријатија се таму. Затоа што Мицкоски и Славески знаат дека ќе одговараат.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара“, соопшти СДСМ.

Текстот „Мицкоски вели дека ќе ја спаси Алта банка, зошто да ја спасува ако сè е во ред“, прашува СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top