Мицкоски: Ги замолувам советниците на следната седница на Советот на Град Скопје да ги изгласаат програмите, но ништо нема да се смени

Мицкоски: Ги замолувам советниците на следната седница на Советот на Град Скопје да ги изгласаат програмите, но ништо нема да се смени

пред 2 години

„Мислам дека за Арсовска периодов премногу се кажа сѐ, би кажал дека е единица мерка на личност што создава непријатели наместо да создава пријатели и тоа не е добро, мислам доколку ѝ значи мојот совет“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата на Арсовска дека Советот не ги гласа програмите.

Премиерот Мицкоски рече дека Арсовска обвинува оти состојбите во Градот се катастрофални затоа што не се гласале програмите и ги повика советниците од ВМРО-ДПМНЕ на следната седница на Советот на Град Скопје да ги изгласаат, иако, како што рече, и покрај тоа лошата состојба повторно нема да се промени.

„Ги слушнав тие пораки, не се гласале програмите, па не знам кочеле овие, кочеле оние. Еве јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги замолам советниците што доаѓаат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ веднаш на следната седница да ги изгласаат тие програми“, истакна Мицкоски.

„Ако е до програмите, но не е до нив. Еве, ќе видите веднаш, мислам дека добив информација оти на 29 август има седница, ќе ги замолам советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата тие програми што таа вели дека не ѝ се гласаат, да ѝ ги изгласаме и, еве, ќе видите дека ништо нема да се смени. Еве, да знаете дека буквално ништо нема да се смени“, додава тој.

Премиерот Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не кочи и дека ќе ги изгласаат програмите.

„Тоа што е до нас ќе го направиме и, еве, да не биде и тоа повторно причина да речат, ете, ВМРО-ДМПНЕ кочи. Не кочиме, еве ќе ги изгласаме тие програми, ќе ги замолам да ги изгласаат“, истакна премиерот Мицкоски.

Текстот Мицкоски: Ги замолувам советниците на следната седница на Советот на Град Скопје да ги изгласаат програмите, но ништо нема да се смени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top