Мицкоски: Динамичен ден, имав и лесна хируршка интервенција

пред 2 години

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи објави дека попладнево имал лесна хируршка интервенција, иако во објавата не презизира за што конкретно станува збор.

Тој посочува дека по 45-минутната интервенција се чувствува одлично, а во рамки на објавата постави и фотографија на која е на болнички кревет.

„Динамичен ден. Киднапиран пратеник, криминал, уцени, срам и нормално најголемата желба на СДСМ-ДУИ да ме немало во политиката… После 45 минути лесна хируршка интервенција, се чувствувам одлично“, посочува Мицкоски во објавата во која изразува и благодарност до медицинскиот персонал.

Share
Scroll to Top