„Оваа 2022 година одбележуваме точно 32 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, и 129 години од создавањето на историското ВМРО. Овие 32 години се времиња поминати на постојана борба, жртва и работа за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија чиј код, своето постоење и своето делување го има посветено на постоењето и делувањето на Македонија. Таквата причинско последична состојба е папочната врвка која го прави ВМРО, сопатник низ времето со сите падови и подеми на нашата Македонија“ се вели во соопштението испратено од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски во кое меѓудругото изразува благодарност до основачите кои се значаен сегмент во сегашното функционирање на партијата.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Денес ВМРО-ДПМНЕ се враќа на стабилни патеки и заедно со народот повторно се крева. И кога државата се соочува со предизвици, удари, со понижувања, со сиромаштија, одрекувања и порекнувања…. ВМРО-ДПМНЕ природно и разбирливо е предводник на знамето кое обединува, и тоа е обврската која јас ја прифаќам со чест и со целото мое срце. И ако праша некој зошто? Затоа што ВМРО-ДПМНЕ и јас нема да молчиме кога народот страда, кога чувствува несигурност, гнев и трпи понижувања. Тоа се работите кои без малку ги чувствува секој еден човек без разлика на верата и нацијата. Нема да молчиме бидејќи сега треба да бидеме гласни. И ние таа битка ќе ја водиме. И за таа цел вратите на народот се широко отворени. ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот, но и главната сила која во периодот што следи ќе ги предводи промените“ вели Мицкоски.
„Испраќам порака на обединување против лошата власт и владата која ги загорчува животите на илјадници луѓе“ порача тој и повика утре во 20 часот на протестот за промени пред Владата на Македонија.