Мицкоски: Заев врати се од скапите екскурзии платени со народни пари, овде луѓе умираат

пред 3 години

Денес 40 луѓе ги загубија животите поради Ковид-19, посочи на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, додавајќи дека оставките од фукнционерите на власт веќе не се политички потег, туку нужност за државата и народот да преживеат.

Денес 40 луѓе ги загубија животите поради #COVID.

Зоран Заев врати се во Македонија и покажи малку човечност. Врати се…

Posted by Hristijan Mickoski on Понеделник, 16 ноември 2020

„Заев врати се во Македонија и покажи малку човечност. Врати се од ексурзиите платени со народни пари затоа што има луѓе кои умираат, прошетките се едно, но овде се работи за животи. Сепак не заборавај дека земаш плата од народот, а нему му треба помош. Под итно да се преземат мерки за короната која е рамна на национална катастрофа“, побара партискиот лидер во својата објава на „Фејсбук“.

Потсетување, премиерот Заев денеска е во Берлин каде му беше врачена наградата за човекови права за 2020 година што ја доделува Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Share
Scroll to Top