Мицкоски за законот за лични карти: Јас сум Македонец и сакам така да се идентификувам

пред 4 години

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска даде коментар за новите измени на законот за лични карти, истакнувајќи дека не гледа проблем во тоа и сака да се идентификува себеси во личните документи и патните исправи како Македонец.

Тој воедно како небулозни ги оцени тврдењата на определени политичари дека наметрата е да се создаде нова нација со граѓанскиот концепт „граѓанин на државата со новата придавка“.

„Смешно и небулозно е да се даваат такви квалификации за македонскиот народ и македонската нација којашто е притисната, угнетена и нација и народ којшто е доведен практично со грбот до ѕид. Има таму професори универзитетски во тие политички партии нека ги земат формуларите на универзитетите каде што студентите се пријавуваат и нека прочитаат дали се идентификува националната припадност на студентот којшто се запишува на универзитетите. Јас сакам со мојата лична карта да стои мојата нација, македонската, бидејќи јас сум Македонец и сакам да се идентификувам како Македонец и навистина тука не гледам ништо лошо, ниту спротивно на она што е вековна заложба на овој народ и граѓаните“, рече лидерот на опозициската партија.

„Ако можат студентите себеси во формуларите на факултетите да ја запишуваaт својата нација, затоа што се горди на својата нација, зашто јас во мојот документ за идентификација и зошто во мојата патна исправа да не стои тоа, туку да формираме една нова вештачка нација којашто ќе биде „граѓанин на државата со новата придавка“, објасни Мицкоски.

Share
Scroll to Top