Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме

пред 6 часа

Постојат датуми кои не се само дел од календарот, туку остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на еден народ. 8 Август е еден од тие датуми. Ден кога Македонија се сеќава на своите синови кои, исполнувајќи ја својата должност кон татковината, ги положија своите животи, објави премиерот, Христијан Мицкоски, на 25-годишнината од убиството на војниците кај Карпалак.

„Дваесет и пет години подоцна, времето не ја избриша болката, ниту ја намали нашата почит. Напротив, секоја година не потсетува дека мирот, слободата и татковината имаат вредност која мора да ја чуваме одговорно и достоинствено. Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме. Да не дозволиме имињата и жртвата на загинатите да бидат заборавени. Да градиме држава во која почитта кон оние што ја исполниле својата должност кон Македонија ќе биде над времето, политиката и поделбите. Пред нивниот спомен се поклонуваме со благодарност и длабока почит. Нека е вечен споменот за хероите од Карпалак. Вечна им слава!“, објави Мицкоски на „Фејсбук“.

Десеттемина прилепски бранители, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, ја платија највисоката цена и ги положија своите животи за својата татковина за зачувување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет.

На 8 август 2001 година, припадниците на македонските безбедносни сили беа нападнати во заседа поставена од припадници на УЧК.

Текстот Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top