Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува, напиша на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски по повод годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Карпалак во конфликот од 2001 година.
„Нека нивната жртва биде аманет за идните генерации, дека слободата, мирот и достоинството се свети“, додава Мицкоски во напишаното.
Карпалак како што вели, го паметиме како наша обврска, да изградиме држава во која нема да има место за омраза, за поделби, за неправди, и каде слободата на нашата татковина е неприкосновена.
„Македонија никогаш нема да ве заборави! Карпалак е рана, но и аманет“.
Текстот Мицкоски: Карпалак е обврска да изградиме држава во која нема да има место за омраза и поделби е превземен од МАКФАКС.






