Мицкоски: Ковачевски има рок до 10 мај да одлучи за избори, ако нема дигалог пристапуваме кон активна блокада

пред 2 години

Ковачевски има рок до 10 мај да одлучи. Нека не брза, нека размисли, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Охрид, коментирајќи го ставот на премиерот дека не е време за предвремени парламентарни избори и дека проблем е активната блокада.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Мицкоски рече дека ако нема дијалог, по 10-ти мај ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со според она што го усвои ИК на партијата, а тоа е активна блокада на македонскиот парламент.

„Доколку не сака сам, тој на таа средба може да го земе и Османи, и Ахмети, и Љубчо Георгиевски, нека дојде и со Павле Трајанов, со Маја Морачанин, Горан Милевски, со сите со цела коалиција, еве јас ќе бидам со моите соработници, да разговараме за датум за избори, а до тогаш му нудам четири тима да му помогнат колку толку да ги ублажиме ефектите од оваа кризна состојба во која што се најде нашата земја“, кажа Мицкоски.

Тој изјави дека со месеци повикува на дијалог, на разговор, бидејќи Македонија е во криза, а луѓето од Владата се невешти да се справат со реалните проблеми, односно со кризата кои сами ја наметнале.

Share
Scroll to Top