Мицкоски: На изборите во Бугарија гласаат само 250 од 200-те илјади македонски Бугари на Радев

Мицкоски: На изборите во Бугарија гласаат само 250 од 200-те илјади македонски Бугари на Радев

пред 2 часа

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, посочи дека на изборите во Бугарија се пријавиле само 250 граѓани од Македонија, додека Румен Радев и луѓето околу него заговараа бројки од 200 илјади граѓани во земјава кои се определуваат како Бугари.

„Очекував излезеноста да биде малку поголема“, искоментира Мицкоски.

Премиерот очекува од овие избори да произлезе јасно проевропски ориентиран премиер кој ќе биде фокусиран на добрососедските односи, наместо на билатералните спорови и ќе биде промотор на Копенхагеншките критериуми.

Бугарија денес гласа, а за главен фаворит според анкетите се смета новоформираната партија „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев.

Текстот Мицкоски: На изборите во Бугарија гласаат само 250 од 200-те илјади македонски Бугари на Радев е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top