Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват

Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват

пред 2 часа

Премиерот, Христијан Мицкоски, утре ќе присуствува на Самитот Европска Унија- Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, Република Црна Гора.

Самитот ќе се одржи во хотелот „Regent Porto Montenegro”, каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија.

По завршувањето на Самитот, е предвидена заедничка прес- конференција. Самитот го води претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, а домаќин е црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ. Покрај процесот на проширување и Планот за раст за Западен Балкан, се очекува лидерите да разговараат за зајакнување на соработката во областите на надворешната, безбедносната и одбранбената политика, со оглед на сложените геополитички предизвици.

Текстот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top