Мицкоски на средба со Вуцас: Лошиот менаџмент на власта со здравството, резултира со негативни последици

пред 4 години

Лошиот менаџмент на власта со здравството, резултира со негативни последици, оцени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со членот на ИК на партијата, Стефан Андоновски, оствари средба со амбасадорот на Австрија во Република Македонија – Георг Вуцас.

На средбата се раговараше за пандемијата на Ковид која е предизвик за целиот свет, но, како што вели Мицкоски, е особен проблем за Република Македонија поради лошиот менаџмент на власта со здравството, но и со економските последици.

Мицкоски кажа дека власта мора поодговорно да делува особено заради фактот што за 19 дена имаме скоро 6000 заболени, односно 3 пати повеќе отколку што власта убедувала дека ќе биде за период на цела криза.

На состанокот станало збор и за актуелната политичко – економска состојба, а според ВМРО-ДПМНЕ, мерките за помош на граѓаните и стопанството не се сеопфатни и исклучуваат цели категории на граѓани од помош.

„Мицкоски посочи и на сите бројни забелешки на ЕК во нејзиниот извештај за Република Македонија, а кои се факт пред се заради неспособноста на власта и нејзиниот пакт со криминалот“, информираат од опозициската партија за текот на средбата.

Дополнително Мицкоски изразил задоволство за добрите односи помеѓу Австрија и Република Македонија, потенцирајќи дека нашата држава секогаш била добар пријател на Австрија, но и имала добар пријател во Австрија.

Share
Scroll to Top