Мицкоски: Нема да го поддржиме криминалното решение на Владата за нов клинички

пред 3 години

Доколку власта не би била толку криминална, ние би можеле да се договориме како граѓаните можат да добијат навремена и современа здаравствена заштита, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Гевгелија.

Говорејќи за нов клинички центар Мицкоски го образложи партискиот став.

„Во Собарнието тоа нe e закон за нов клинички центар, туку тоа е предлог закон за измени на законот за јавни набавки со кој ние, пратеничката група на колицијата треба да даде можност на најкорумпираната влада, според Транспарнси, да склучува договор во 4 очи со компании за сума од минимум половина милијарда евра, иако никој денес не знае колку реално ќе чини тој проект“, кажа Мицкоски.

Мицкоски информираше дека ВМРО-ДПМНЕ има решение кое е поефтино и кое ќе понуди квалитетна здравствена заштита за граѓаните и оти не е точно дека опозицијата е неконструктивна.

„Ние понудивме наше решение и поевтивно до два и пол пати, три пати поефтино, а здравстевната заштита и тоа што им е потребно на граѓаните ќе го добијат според сите современи стандарди“, вели Мицкоски.

Мицкоски укажа дека опозицијата работи за граѓаните, и и порача на власта власта да не биде толку криминална затоа што ќе одговара за се.

Share
Scroll to Top